На 18.12.2024 во 11.07 часот во СВР Битола, било пријавено дека на ул. “Македонска фаланга“ во Битола, патничко возило „застава 101“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 67 годишник од Битола, удрило во пешак на возраст од 68 години од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената пешак, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 19.12.2024 во 00.10 часот во СВР Битола, 75-годишен битолчанец пријавил дека во семејниот дом во Битола бил физички нападнат од неговиот син на возраст од 43 години од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.