Press "Enter" to skip to content

“Плишените мечиња“ и детските играчки од битолчани во рацете на дечињата од “Кочо Рацин“ Битола (фото)

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола за реализира комплетно последна активност во оваа календарска година  ја зацрта најважната мисија.Хуманата акција на натпреварот против Вардар 1961 доби успешна реализација.“Плишените мечиња“ и детските играчки кои нашите граѓани, симпатизери, навивачи ги даруваа дојдоа во вистинско раце.Ракометарите на Еурофарм Пелистер утрово ги даруваа во основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин“ од Битола, а тоа на штитениците им донесе нови насмевки пред Новогодишните и Божикните празници. Директорката на основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин“ од Битола се заблагодари на овој хуман гест и му додели благодарница, како спомен на овој нивни ангажман.