Како и беше најавено вечерва на плоштадот “Магнолија“ во Битола започна да работи лизгалиштето, а со овој настан започна “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола. Лизгалиштето “го отворија“ балерините кои изведоа уметнички танци на мраз, за што добија аплауз од битолчани кои не се исплашија од дождот.Потоа следуваше настапот на танцовиот спортски клуб “Експоуз“ од Битола и музички изненадувања, а водител на настанот беше Мими Марковски, кој битолчани го препознаваат како “Мими со југото“.По настапот на балерните и “Експоуз“ заврши официјалниот дел, а потоа битолчани се “качија“ на лизгалките и ја започна лизгачката сезона.На настанот присуствуваше и Дедо Мраз, за кој како и секогаш најголем интерес покажаа најмладите битолчани.-Имаме прекрасна програма која ќе се реализира од денес до 6 јануари 2025 година, односно имаме 18 дена прекрасна програма исполнета со зимска програма, различни настани кои ќе привлечат голем интерес кај сите генерации, токму такви се програмските содржини, театар, музички настани, добри изведувачи…, истакнуваат од Општина Битола. Годинава се проширени локациите, ги има преку десеттина, но Офицерски, старата чаршија, “Магнолија се главните. КИЦ Битола е дел од зимската приказна, а годинава се вклучува и НП „Пелистер“.
Текст и фото: Дамијана Ристевска