Press "Enter" to skip to content

Празнична честитка до студентите на УКЛО Битола и  Конкурс за 40 награди/ стипендии

Во бројните напори и активности за поддршка на УКЛО студентската заедница, со цел да им се даде заслужено признание на студентите кои покажаа извонредност во студирањето, Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во соработка со Амбасадата на НР Кина во Скопје обезбеди 40 награди – стипендирање во висина на едногодишна уписнина за редовни студенти на прв циклус студии (12.600 денари). Наградите ќе се доделат во три категории.   

КАТЕГОРИЈА I – НАЈВИСОК УСПЕХ ВО СТУДИРАЊЕТО за студенти запишани во академските 2022/23, 2023/2024 година. Во оваа категорија ќе се доделат 22 награди/ стипендии по 2 на секоја единица. За оваа категорија, селекција на најдобрите ќе извршат самите единици (факултети, висока школа) согласно нивната евиденција.

КАТЕГОРИЈА II – НАЈДОБРИ ТРУДОВИ НА ГОДИШНАТА СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА за сите студенти запишани на прв циклус студии. Во оваа категорија ќе се доделат 3 награди/ стипендии за најдобро оценетите трудови на Годишната студентска конференција. За оваа категорија, селекција на најдобрите трудови веќе е направена од комисијата која ги оценување презентираните трудови.

КАТЕГОРИЈА III – ИЗВОНРЕДНОСТ ВО СТУДИРАЊЕТО за сите студенти запишани на прв циклус студии. Во оваа ктегорија 15 партиципации се доделуваат според критериум постигнат успех и ангажираност во активностите на УКЛО според следните критериуми:
Просечен успех во студирањето од претходните академски години– 50%
Учество во воннаставни активности–30%
Учество во проектните активности на COLOURS10%
Учество на универзитетска студентска конференција–10%

За да учество во Категорија III студентите потребно е да се пријават на следниот формулар НАЈДОЦНА до 31.01.2025

 https://docs.google.com/forms/d/1Oon8_bm2MCG3jY2V-ukcV1Jo3psMsyVCnNVl-PEi_c0/edit

Во рамките на оваа објава ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски на сите УКЛО Студенти им упати срдечни празнични честитки

„Драги студенти, Ви посакувам наредната 2025 година да ви биде исполнета со здравје и радости, мир и спокојство, среќа, година на успеси, инспиративни идеи и реализација на сите Ваши желби и планови. И секако МНОГУ УСПЕХ ВО ВАШИТЕ СТУДИИ“!

More from ВестиMore posts in Вести »