Press "Enter" to skip to content

Јени маале на коло пред крајот есенски првак, без пораз, 8 од 8

Екипата на Јени маале на едно коло пред крајот на полусезоната го има обезбедено првото место во Општинската “Б“ лига, беа ниту еден пораз, 8 победи од 8 натпревари.

Јени маале во последното коло славеа победа над екипата на Младост од Дедебалци со убедливи 5:1. Головите ги постигнаа Наумовски во 7 и 23, Лозановски во 60, Пискачев во 68 и Георгиевски во 73 минута.

Стрелецот на два гола Васко Наумовски кој има вкупно постигнато 8 гола за 8 победи во 8 кола вели:

-Да бидам искрен никој во тимот кога почнувавме оваа сезона не се надеваше на толку бодови, знаејќи како игравме минатата сезона. Но, ете со сериозност во играта, со почитување и со верба меѓу нас стигнавме со победите. Се надевам дека во последното коло ќе славиме победа и со без пораз ќе ја завршиме полусезоната.

Резултати општинска “А“ лига:

Буково – Светлост 4:0

Карамани – КСК 3:1

Пелагонија (Л) – Партизан (Д) 2:0

Поешево – Космос 1:0

Чагор – ДОСК 0:0

Лисолај – Новаци 2:0

Победа (И) – Олд бојс 2:0

Стрела – Црна Река 3:1

——————————————————-

Резултати општинска “Б“ лига:

Пелагонија Бел Камен – Еленик 3:1

Јени Маале – Младост (Д) 5:1

Пелагонија (Д) – Пелистер (ТМ) 1:2

Напредок – Хајдук 7:2

Пелагонија (Т) – Младост (ГО) 3:3

 

More from СпортMore posts in Спорт »