Press "Enter" to skip to content

Главевски капитенски, два гола за нови три бода за Пелистер (фото)

Пелистер – Гоблен Јуниор 2:0 (1:0)

Нова победа во серијата позитивни резултати на Пелистер, не само за избегнување на долниот дел на табелата, туку и за реално поголеми амбиции. Под Тумбека е победена екипата на Гоблен Јуниор со двата гола на капитенот на Пелистер, Благојче Главевски.Фудбалерите на Пелистер започнаа добро, но шансите за гол на Главевски и Наумовски не го донесоа посакуваното водство, а тоа се случи во 28. минута кога шутот  на Наумоски, гостинскиот голман Краљевски го одби, а од само 5-6 метри Благојче Главевски погоди за 1:0.

Во второто полувреме продолжи иницијативата на Пелистер, а Главевски кон крајот на натпреварот згомеми на 2:0 за мирна завршница.Судијата Урошевиќ од Тетово на гостинските фудбалери им покажа, оправдано, два црвени картони, во 59. минута втор жолт и во 81. минута директен црвен картон. Судијата не покажа на центарот за водство за Пелистер од 2:0, на 1:0 иако топката ја помина гол линијата, а гостинскиот голман ја извади од голот.