Во предвечерието на Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември, во организација на Сојузот на спортови од Битола и општина Битола вечерва се одржа традиционалната, јубилејна 60. по ред, ноќна атлетска трка, на која учество зедоа повеќе од 1.200 битолчани.
-Ова е 60 трка по ред, а вечерва настапија ученици од основните и средните училишта, студенти од УКЛО и граѓани. Ова спортска манифестација која трае најдолго во Битола, а ако помножиме по колку битолчани учествувале секоја година ќе дојдеме до импозантни бројки. Екипните победници кои ќе го дознаеме по сумирањето на поединечните реззултати ќе ги добијат наградите на изборот на спортист на Битола за 2018 година. Покрај екипните пласмани, сите поединечни победници, второпласираните и третопласиранире добија медали и дипломи, рече претседателот на Сојузот на спортови, Димче Миновски.
Учесниците и публиката ги поздрави градоначалничката на Битола, Нашата Петровска, која нагласи дека се радува дела 1.200 млади од Битола го покажаа спортскиот дух и да ја продолжат традицијата која трае без прекин која трае 60 години година. Петровска на дел од најмладите победници, на средношколците и граѓаните им додели дипломи и медали.
На победниците победите им ги честитаа и им доделија медали и претседателот на Советот, Валентин Груевски, заменик градоначалникот Емилија Косгтурска, членовите на Комисијата за спорт, советниците, Методија Илиевски, Борче Корлевски, советниците Жаклина Наумовска, Билјана Поповска, членови на Управниот одбор на Сојузот на спортови, професори по физичко образование и други истакнати спортски работници од Битола.
Ученичката од ОУ “Кирил и Методиј“, Ева Трпеновска од седмо одделени веќе 5 години е првопласирана.
-Пет години победувам на ноќната трка по Широк сокак и се надевам дека и во иднина ќе продолжам да победувам, ни рече Ева.
Покрај младите оваа година на крајот се одржа и трката на граѓаните на која имаше десетина повозрасни битолчани, од кои само една жена.
С. Ристевски






