За купени најмалку пет билети одеднаш, претходно резервирани, достава на Вашата домашна адреса, а ќе добиете и подарок.
Во пресрет на претстојниот натпревар од EHF купот меѓу екипите на Еурофарм Работник и Берн Мури од Швајцарија кој ќе се одигран в сабота 17.11.2018 година во Битола, информира дека влезниците за овој натпревар ќе бидат пуштени во продажба на 14.11.2018 година (среда) на три продажни места: Тобако Вагабонд – Brother tobacco (Широк Сокак), Тобако Снеки нова (градско шеталиште), и Тобако All in one (новиот пазар). Цената на влезниците ќе биде 100 денари.
На денот на одигрување на натпреварот влезници ќе може да се купат пред аптеката Еурофарм на Широк сокак и на касата во спортската сала “Боро Чурлевски“ два часа пред одигрувањето на натпреварот.
Во меѓувреме ве информираме дека од 5.11.2018 година ќе може да направите резервација за Вашите влезници на е-маил адресата vleznici@eurofarm.mk или vleznici@eurofarm.com.mk.
Во пораката која ќе ја испратите потребно е да го наведете Вашето име и презиме, бројот на билети кои сакате да ги резервирате и да оставите податоци за контакт (број на мобилен телефон).
Резервираните влезници ќе може да ги подигнете на едно од продажните места за што повратно ќе бидете известени преку маил.
За резервација и купени на најмалку пет билети одеднаш, влезниците ќе ви бидат доставени на Вашата домашна адреса и дополнително како поклон ќе добиете постер од екипата на РК Еурофарм Работник сезона 2018/19, своерачно потпишани од играчите и стручниот штаб на клубот.






