Press "Enter" to skip to content

Стефан Дрогришки: се вратив во мојот матичен клуб во кој сакам повторно да се докажам

Експресно откако вчера направи спогодбен раскин на договорот со екипата на Еурофарм Работник, битолчанецот Стефа Дрогришки го стави својот потпис на договорот со екипата на Пелистер, а од другата страна потпис стави Сашо Шамбевски.

За двата турбулентни денови сега веќе како член на Пелистер, Дрогришки кретко веливели:

-Прво ќе кажам дека раскинот со Еурофарм Работник беше само поради малата минутажа која ја имав во клубот и се договоривме да се разделиме. Што се однесува пак до моето враќање во Пелистер, односно за изборот тука да ја продолжам својата ракометна кариера причината е едноставна, Пелистер е мој матичен клуб и сакам и покрај конкуренцијата која ја има во тимот да се докажам и да имам поголема минутажа. 

Инаку, Стефан Дрогришки ќе игра на позицијата лев бек,  а зад него со 24 години има богато си-ви. Потекнува од школата на Пелистер, со 17 години  беше првотимец, а потоа по арбитражата која ја имаше со Пелистер кариерата ја продолжи во Металург. Од таму се врати во Битола, но во Еурофарм Работник, а сега повторно во Пелистер.

Дрогришки бил и младински и сениорски репрезентативец на Македонија, а како додава би сакал да се докаже и пак да се врати во црвено-жоллиот дрес на македонската селекција.