Пелистер – Прилеп 35:23 (16:10)
Екипата на Пелистер ја забележа третата по ред победа под водство на Јошко Петковиќ а со новоте три бида фати приклучок во борбата за врвот на табелата заедно со екипите на Бутел и Охрид кој имаат по 18 бода колку и Пелистер.
До трите бода и до победата “пелистерци“ стигнаа лесно против екипата на Прилеп, која не покажа никакви амбиции во Битола. Екипата на Пелистер лесно одигра, а тренерот Петковиќ им даде поголема минутажа на помладите за кои рече дека на оваа средба имаа поголема мотивација да покажат со каков квалитет располагаат.

Младите Лековиќ, Димитровски, Стоилевски покажаа дека во нив има квалитет со тоа што погодуваа беа страв и не промашуваа.
Најефикасен во редовите на Пелистер беше Поповиќ со седум гола, а Лековиќ и Стоилевски погодија по пет пати.






