ФК Пелистер од Битола ја известува јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло од Првата фудбалска лига на Македонија ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани.
Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција.
Цена на билетот: 200 денари.
Дербито против екипата на ФК Вардар ќе биде одиграно на 29 март 2025 во 15:00 часот.