Press "Enter" to skip to content

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола одбележува 80 години постоење, свечена академија в петок во Офицерски

Во чест на значајниот јубилеј – 80 години од основањето на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола подготви низа настани кои ќе ја одбележи долгогодишната традиција, културната мисија и придонесот на нашата Библиотека во зачувувањето и промовирањето на знаењето.

Библиотеката информираме за следните активности:

25 март (вторник)

Панел-дискусија на тема: “Библиотеката – срце на заедницата: 80 години култура, знаење и иновации“

Локација: Офицерски дом – Europe House Bitola, почеток: 12:00 часот

 26 март (среда), доделување на награди во просториите на Библиотеката, во 12:00 часот, како признание за: најпосветените читатели, најдобрите библиотечни приказни, роднокрајните автори, како и благодарници за поранешните вработени.

Промоција на книгата: „Епски ехо: Поезијата на меморијата на слободата“
Автор: Игор Трајковски – Фоја

Локација: Библиотека, почеток: 18:00 часот

 27 март (четврток)

Поетски настан: „Стихови што обединуваат“, посветен на Светскиот ден на поезијата

Локација: Читална „Горан Стефановски“, почеток: 18:00 часот (Во соработка со Македонското научно друштво)

 Промоција на книгата: „Факсимили на роднокрајни автори“ – членови на ДПМ и претставување на каталогот посветен на Горан Стефановски, во Читална „Горан Стефановски“

 28 март (петок), Свечена академија по повод јубилејот

Локација: Офицерски дом, почеток: 19:00 часот

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »