Екипи на изведувачот на работите за топловодот во Битола, кој е ангажиран од ЕСМ Топлификација Битола, од утрово работат на асфалтирање на прекопите каде се поставени цевките кон Уредот и ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, а се работи и на потегот до судот и полицијата.Поради тоа има пренасочување на сообраќајот околу Безистенот, а не е во функција и мостот кај Судот, но поради утринскиот шпиц во сообраќајот има и гужва во сообраѓајот и мала нервоза кај некои возачи.
С.Ристевски