Во средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“ во Битола се одржа едукација и работилница на темата “Имедијатна имплантација во фронтална регија“, која ја одржа примариус доцент доктор Данчо Бизевски, специјалист по орална хирургија, и тимот од професори, примариус доцент доктор Жаклина Менчева, доцент доктор Сашо Стојковиќ од МИТ Универзитет – Скопје.
Едукацијата опфаќаше практична примена и обука за припрема на пациентот за оперативен зафат, припрема на хирушки тим, како и хируршка работа со животински и фантомски вилици и изведување на протетски, лабораториски и клинички фази.
Овој концепт на едукација наиде на широк интерес кај нашите ученици од lV година, од профилите медицинска сестра и забен техничар, кој воедно претставуваше и една од првите работилници од ваков вид во средните училишта во државата.

Во медицинско одржана работилница на тема “Имедијатна имплантација во фронтална регија“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
- СВР Битола: 19 годишник пријавил физички напад од поголема група деца
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Во Битола променливо облачно, температурата во 13 степени





