Press "Enter" to skip to content

Општина Новаци одбележа 29 години постоење

Со свечена седница која започна со едноминутно молчење за трагично загинатите во пожарот во Кочани денеска се одбележаa 29 години успешнo постоење и функционирање на Општина Новаци.Градоначалникот и Советот на Општина Новаци доделија еднократна парична помош за настраданите во износ од 300.000 денари.Оваа година Денот на Општина Новаци се одбележа со скромни активности меѓу кои полагање на цвеќе на гробот на Пеце Матичевски, кој загина во конфликтот во 2001 година.Потоа градоначалникот и претставници на Општина положија на цвеќе пред бистата на Славко Лумбарковски во основното училиште во Новаци, чиј патронен празник исто така се празнува денес, рецитал, историски час, ликовна изложба и доделување на благодарници на учениците за најдобри достигнувања.

More from ВестиMore posts in Вести »