Како и што беше најавено, Јован Керечки, искусен куглар од Црвена ѕвезда од Белград, инаку живее и работи во Суботица за потребите на проектот „Кугламе и сме среќни“ допатува во Битола и деновиве престојува во конзулскиот град.
-Повеќе од 800 км оддалеченост не беше пречка овој голем љубител на куглањето да даде парче душа на нашите куглари и сето она знаење и искуство берено низ годините несебично да го предаде на младите, истовремено и да корегира, да поттикни, да охрабри, да мотивира.
Убаво е да се види и восхитеноста за нашата работа и резултатите од постигнатото во овој краток временски период што уште повеќе дава тежина на овој проект во поглед на поставеноста и стручната подготовка, велат од кугларскиот клуб Пелистер.

Сите очи беа вперени во исклучителниот Јован кој успеа да ја зачува својата концетрација и со секој кандидат да работи индивидуално што после долгиот пат и тоа како беше напорно, но кугларите не само што тоа не го почувствуваа, туку напротив се работеше со тренинзите длабоко во ноќта, а Керечки со насмевка го испрати и последниот куглар подеднакво посветувајќи им внимание и на оние одличните и на оние помалку добрите куглари.
И денес Керечки ќе бида во Битола и ќе тренира со најмладите куглари кои се вклучени во проектот „Кугламе и сме среќни“.






