Еурофарм Работник – Вардар Јуниор 40:23 (20:12)
Ракометарите на Еурофарм Работник и вечерва го отворија 9. коло со победа, а натреварот против екипата на Вардар Јуниор е само малку потежок тренинг пред саботниот прв натпревар од ЕХФ купот, во кој ја пречекуваат екипата на Берн од Швајцарија.
“Фармацевтите“ вечерва лесно дојдоа во деветтата победа во 9. коло и се остануваат на врвот на табелата со 27 бода, а Вардар Јуниор лесно беше победен во Битола, иако само на почетокот на средбата даде малки отпор. Потоа се беше во знак на Еурофарм Работник кој од 9:7 на средина на првото полувреме на одмор замина со +8.
Вториот дел не донесе ништо ново, а само се зголемуваше разликата, за на крај да биде 17 гола.






