Во однос на написите кои се појавија во текот вчерашниот ден, а се однесуваат за откриена недозволена супстанца кај еден од нашите играчи при извршена допинг контрола, ја известуваме спортската и останатата јавност во Република Македонија дека после добиеното известување од РФМ за овој случај ги презедовме сите соодветни мерки и постапки согласно правилата за постапување при ваков настан.
Исто така, сакаме да потенцираме дека како клуб ги имаме преземено сите мерки за едукација на нашите играчи и превенирање на несакани настани од таков вид.
Посветуваме големо и многу професионално внимание на оваа проблематика.
Во овој момент управата на РК Еурофарм Работник ја почитува презумцијата на невиност на нашиот играч и тоа така ќе остане сè до донесување на крајната одлука на надлежните органи по што ќе следи нашата конечна одлука.
За сите нас овој настан е огромен шок особено што се работи за докажан спортист и човек кој со своето однесување е пример за сите помлади играчи.
Се надеваме дека нашиот играч ќе ја докаже својата невиност.
РК Еурофарм Работник како и секогаш ќе ги почитува одлуките на надлежните органи.






