-“Премин 25“ е премин меѓу звукот и тишината, меѓу видливото и невидливото, меѓу личното и универзалното.
Синоќа во големата сала на Центарот за култура – Битола се оджа еден исклучителен настан во организација на КИЦ Битола, насловен како “Премин 25“.
Овој музичко сценски проект е новиот музички и сценски проект на Горан Трајкоски, ја брише границата меѓу жанровите, медиумите и сетилата – создавајќи искуство што не се слуша само со уши, туку се прима со целото битие, истакнува организаторот.
Познат како гласот на македонскиот немир и духовно преиспитување, Горан Трајкоски – преку својот пат од култните “Мизар“ и “Анастасија“ до современите експериментални проекти – останува автентичен креатор на звук кој носи и корен, и бунт.
“Премин 25“ е роден токму во велигденската недела, како лична и колективна метафора за минување, преобразба, за таа тивка, внатрешна трансформација што ја чувствуваме, но ретко ја именуваме.
На сцената ова патување го раскажа Камерниот оркестар на Битола, под водство на маестро Владимир Димовски, заедно со вокалните интерпретации на Тања Царовска, Ана Митоска и Петар Христов.
Водители на несекојдневниот настан беа Маја Адоновска – Илиевски и Никола Стефанов, актери во битолскиот театар.
Сценографската и режисерска визија беше на Дејан Пројковски, уметник кој знае да претвори музика во светлина, движење и здив, а ова да повториме уште еднаш , не беше само концерт.
Концертот беше бесплатен, а настанот беше во организација на КИЦ Битола, е реализиран со поддршка од НУ Центар за култура – Битола, Народен театар – Битола и Општина Битола.
Фото: Дамијана Ристевска
[ngg src=”galleries” ids=”2390″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″]










