На трката на себенадминување во Њујорк која се организира од 1998 година во Флашинг Медоус паркот, а во организација на Шри Чинмој Маратон тим, оваа година имавме претставничка од Битола.
Овој настан е првата трка на ултра дистанци организирана од Шри Чинмој Маратон тимот во Њујорк во светски рамки. Тркачите имаат избор од 6 и 10 дена, а оваа година за прв се одржа и трката на 3 дена.
Мона Мајковска од Битола имаше одличен настап на својата прва повеќедневна трка со истрчани 464 километри, кои што и го донесоа првото место. Трката на 6 дена се одржа од 23 до 29 април оваа година со убави сочеви денови но и со дождливи и ветровити денови кои ги тестираа тркачите и нивните способности, внатрешни и надворешни.
Основач на трката е Шри Чинмој кој редовно ја посетуваше додека живееше во Њујорк. Шри Чинмој чувствуваше дека аспектот на себенадминување е многу важен во ултра трките, доаѓа момент во трката кога физичката способност го достигнува својот лимит.
За да продолжи понатаму тркачот мора да се потпре на својата внатрешна решителност и да се нурне во својата бесконечна духовна сила која ја има во секој од нас.

Мона Мајковска од Битола со одличен настап на трката на себенадминување во Њујорк, истрча 464 километри за шест дена (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Европска ноќ на истражувачи 2026 – науката се среќава со граѓаните
- “Лидл“ денес почнува да гради и втор маркет во Битола
- Во Битола сончеви со повремена облачност, температурата до 20 степени
- СВР Битола: битолчанка физички нападната од сопругот со кого се разведувала
More from СпортMore posts in Спорт »
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола
- КК Пелистер започна со продажба на сезонски влезници
- Куманово победник на 1. турнир во Битола “Зоран Петковски – Петкото“, Пелистер четврто пласиран (фотогалерија)









