Во Битола воочи 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот и големиот јубилеј 80 години од завршувањето на Втората светска војна, премиерно беше прикажан документарниот филм „Слободата заборавена меѓу регистрите“, во киното Манаки .
Филмот претставува заеднички проект на гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, младинското радио при гимназијата и Битолскиот архив, со поддршка на Амбасадата на Сојузна Република Германија во земјава.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, истакна дека настан не е само одбележување на 80 години од завршувањето на Втората светска војна, туку пред се е потсетник дека слободата која денес ја уживаме никогаш не била подарок. Таа е резултат на борба, жртви и отпор, врежани длабоко во колективната меморија на нашиот народ.
-80 години подоцна, нашата обврска не е само да славиме победа, туку да се соочиме со историјата, со нејзините болки, замолчувања и поуки. Да ги отвориме регистрите, не само документите, туку и оние во нашата совест и да се запрашаме која е цената на слободата ако истата не ја чуваме во сеќавањето? Народот што ја заборава својата историја, сам се осудува да ја повтори – не како херојска борба, туку како трагедија. Затоа, денес, кога се навршуваат 80 години од крајот на Втората светска војна, нашата најголема одговорност не е само да се потсетиме, туку да пренесеме. Да им ја раскажеме вистината на новите генерации, рече Коњановски.
Како режисер се потпишува професорот Никола Трајковски, а како кинематограв и се јавува Давид Козаров.Сценариото е заедничи текст на Козаров и Трајковски. 
Новиот документарен филм е со наслов- Слободата заборавена меѓу регистрите. Филмот зборува за слободата, за начинот на кој таа се чествувала по војната, но и до ден-дене, како и за различните перцепции на слободата од луѓе од различни генерации. Во филмот учествуваат и ученици од Гимназијата “Јосип Броз Тито” -Битола, а воедно Гимназијата е и партнер во самиот проект заедно со невладината ГЕТ иновација и Младинското радио. Логистичка поддршка и организација- Државен архив- Одделение Битола: Гоце Стојановски Димитар Ѓоргиевски Марија Друрлова Посебна благодарност до : Dream Cast production Монтажа: Дејан Трајчевски Филмот беше поддржан од Амбасада на Сојузна Република Германија Скопје.
Промоцијата на филмот беше проследена со кратка дискусија околу реализацијата на самиот проект.
На настанот се обрати и нејзината екселенција амбасадорката на Република Германија, Петра Дрекслер.
Фото: Дамијана Ристевска
[ngg src=”galleries” ids=”2417″ display=”basic_slideshow” gallery_width=”800″ order_by=”filename”]











