Press "Enter" to skip to content

Продолжува победничката серија на кошаркарките

Пробаскет – Пелистер 27:50

Младите кошаркарки на Пелистер продолжуваат со победите во Првата кошакарска лига, а во последното коло со победа се враќаат од Кавадарци, каде во спортската сала “Јасмин“ ја победија домашната екипа Пробаскет, со убедлив резултат 25:50.

Тренерот на Пелистер, Горјан Стојановски, за оваа победа вели:

-Продолжуваме со победничка серија, а ја победивме екипата на Јасмин со висока разлика. Добро играме, и се надеваме дека од коло во коло ќе се довоигруваме и ќе бидеме поквалитетли.

На последниот натпревар за екипата на Пелостер настапија: Анастасија Драгкуловска, Анастасија Мојсиќ, Весна Стојановска, Ивана Велковиќ, Стефанија Костадинова, Бојана Тодорова, Емилија Џарлиев, Тамата Лозановска, Анабела Талевска и Ангела Ивановска.

По пет одиграни кола екипата на Пелистер е третопасирана со 9 бода, а на 1. и 2. место се екипите на Бадел 1862 и Вардар со по 10 бода.