Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар лишиле од слобода 33 годишно лице од Битола, со привремено живеалиште во село Ракитница, демирхисарско. Врз основа на наредба од Основен суд Битола, извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи приведеното лице во село Ракитница, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага, воздушна пушка и дијаболи. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода 62 гпдишно од село Обедник, демирхисарско. Врз основа на наредба од Основен суд Битола извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи лицето во село Обедник, при што биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми различен калибар. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.