КЈП “Нискоградба“ од Битола ги известува граѓаните дека спортските реквизити кои беа поставени во новиот парк во Нова Битола, се времено демонтирани од страна на КЈП ,,Нискоградба” Битола и истите се наоѓаат во нашиот стопански двор.
Демонтажата е извршена заради поставување на подни гумени плочки.
По поставување на подни гумени плочки, спортските реквизити ќе бидат вратени на постоечката локација.