Во просториите на “Qworkingo”,https://qworkingo.
Се работи за туристичка брошура која е структурирана во неколку категории.Покрај најзначајните податоци за Битола и Националниот Парк Пелистер, водичот е составен и од мапа со означени најзначајни објекти,како и разгледница.
Веќе од денес “Bitola City Guide” е достапен на 40тина локации во Градот и е во тираж од 8.000 бесплатни примероци за домашните и странските гости.
Покрај печатената верзија,истиот може да се симни и како бесплатна апликација за мобилни телефони,но и да се погледне на веб страната www.bitolacityguide.com
Креатори на оваа, единствена од ваков вид брошура во Македонија која се издава секоја година се двајца искусни туристички работници и лиценцирани водичи – Горан Пинза и Горан Спировски.
Како изненадување беше претставено и видеото во кое се презентираат топ 10 локации за посета во Битола.
Креаторите се заблагодарија на сите поддржувачи и соработници и посакаа успешна сезона за сите директно или индиректно вклучени чинители. Најголема благодарност беше изразена до Музејот на Град Битола за огромната помош и поддршка, како никогаш до сега,како и за одличната соработка со Националниот Парк Пелистер. Порачаа дека секој треба да го следи нивниот пример на отвореност, заеднички средби и размена на идеи се со цел Битола да се претстави во најубаво светло и да ги претстави своите посебности и уникатност.