Деновиве во Скопје се одржа меѓународен семинар за реален аикидо во организација на Македонската аикидо федерација, а технички организатори беа клубовите Маруи и Кеико од Скопје. Предавачи и “домаќини“ на овој традиционален семинар со околу 200 учесници беа битолчанецот, Ѓуро Илиѓ аикидо мајстор 7 дан и Ана Врачаревиќ од Белград, Србија.-Ова е традиционален семинар кој се одржува кон крајот на ноември и од година го година е се поголем интересот, како за учество но и за оние кои сакаат да предаваат, а ги имаше од 5 земји. Оваа година семинарот беше за форми, а е дел од подготовките на сите учесници за престојните државни првенства кои ќе започнат да се одржуваа за еден месец, вели Ѓуро Илиќ, кој додава:-Предавачи оваа година покрај мене беа и лиценцирани тренери од Аикидо федерацијата на Македонија, но беше присутна и Ана Врачаревиќ кој со своето знаење е добредојдена на секој светски семинар, а секако и во Македонија. Учесниците покажаа голема желба за учење и мислам дека сите кои бевме таму сме побогати за едно искуство.Битолската екипа кој беше на семинарот броеше триесетина членови на џудо клубот Пелистер, а за нив Илиќ вели дека како и секогаш биле на висина на задачата без разлика кој појас го имаат.-Нашата екипа секогаш и секаде каде ќе се појавиме е пример за тоа како треба да изгледа една спортска екипа во секој поглед. Мило ми е што нашиот концепт на работа веќе го прифаќаат и останатите клубови од Македонија. Сакам да повторам дека кога ги гледам семинарите и натпреварувањата колку луѓе се вклучени во нив, како работаат и колку млади доаѓаат морам да кажам дека ова што го прави Федерацијата на кој сум престедател и кубовите имаме обезбедено иднина за овој спорт во Македонија.Наредниот семинар на кој ќе предава Илиќ е на 1 декември во Белград.
-Во Белград традиционално во декември се одржува детскиот семинар на кој ќе има повеќе од 500 учесници од повеќе земји, а ќе се одржува во домот на реалниот аикидо, со салата на големиот мајсторт Љубомир Врачаревиќ. Тоа ќе можност да се потсетиме на неговото учење и секако и ние да го продолжиме неговото дело, вели Ѓуро Илиќ.
Секцијата за реален аикидо во голем број ќе биде присутна на овој семинар.