Press "Enter" to skip to content

ФК Јенимале со нов претседател и прослава најави влегување во „А“ лигата (фото)

Фудбалерите на еден од ретките битолски аматерски клубови Јени Мале, во свој стил, ја завршија оваа година и можат да се пофалат со успех на натпреварувачки план. Тие се првопласирани во „Б“ општинската лига, само со еден пораз, што за нив е голем успех.

По тој повод беше организирана прослава на која беа сумирани резултатите од оваа полусезона, која од стана на Управата беше оценета како одлична, а традиционално како и во изминатите 10 години беше прогласен најдобриот фудбалер.Оваа полусезона, фудбалерите сами, го избраа Васко Наумовски, кој постигна 9 гола на седум натпревари, а подарокот во име на фудбалерите му ги врачи капитенот, Никола Пискачев.

Од неодамна клубот има нов претседател, а тоа е Благојче Делев, кој рече:-Сакам да им го честитам успехот на фудбалерите, иако ни самите не си веруваа на стартот на сезоната. Но, ете сега сме првопласирани во “Б“ лигата, а јас како нов престедател најавувам дека ќе одиме и на шампионска титула и пласман во “А“ општинската лига. Ни престои на лето и 10 годинишниот јубилеј, а убеден сум дека ќе го прославиме како “А“ лигаши.

По официјалниот дел беше организирана и забава која за фудбалерите, управата и поддржувачите на Јени Мале беше спознорирана од Александар Пановски.

More from СпортMore posts in Спорт »