Press "Enter" to skip to content

Второ по ред реми на ракометарите на Пелистер, овој пат со Пролет

 
По ремито со градскито ривал Еурофарм Работник, екипата на Пелистер по три дена одигра реми и на гостувањето во Скопје, против екипата на Пролет, 27:27, полувреме 17:14.
 
Првото полувреме помина во изедначена игра и резултат, а имаше и многи израмнувања на резултатот, од стартните 0:0 па се до 12:12, но крајот од полувремето домаќинот Пролет отиде на одмор со +3 (17:14).
 
Второто полувреме старуваше со добр игра на Пелистер и изедначување 18:18, но потоа се врати во предност екипата на Пролет, со највисоки +4 (24:20) некаде во средината на второто полувреме. Потоа повторно дојде на само гол разлика 27:26 и влезе во интересна завршница, а на само минута пред крајот и на ново израмнување 27:27. Последната минута топката беше во рацете на Пролет, а Пелистер се дојде во шанса за гол за победа.
 
Најефикасни во редовите на Пелистер беа Кобетиќ со шест и Стоилевски со пет гола.
 
Во наредното коло екипата на Пелистер ја пречекува екипата на Бутел од Скопје.
More from СпортMore posts in Спорт »