Press "Enter" to skip to content

Денот на државноста на Хрватска одбележан во Битола (видео+фотогалерија)

Вечерва во Битола во Офицерскиот дом во Битола беше одбележан Денот на државноста на Република Хрватска, а настанот го организираше хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“ од Битола, кој редовно по разни поводи организира вакви средби на кои се промовира хрватската култура во Битола.На ова одбележување присуствуваше Стјепан Домјанчиќ, воено аташе, полеснио кунзул на Македонија во Хрватска – д-р Ацо Делов, членови на хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“, Хрвати кои живеат во Битола, љубители на хрватската култура и други битолчани.Во име на домаќинот, хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“, на гостите им се обрати координаторот на центарот Бранко Маретиќ, која рече дека и оваа година во Битола се прославуваат Денот на државноста, на ден кој е многу значаен за Хрватска и Хрватите, без разлика каде се наоѓаат.Посебно ми е задоволство и чест да ве поздравам и оваа година кога го организираме ова дружење, заедно со институциите и поединците кои се наши пријатели. Сакам да ги поздравам претставниците на амбасадата на Република Хрватска во Македонија, градоначалникот на Новаци, претставниците од католичката црква “Срце Исусово“, гостите од општина Градац и сите кои се вечерва со нас. Денот на државноста на Хрватска е значаен датум, а секако значаен датум е денот кога Хрватска станува член на Европската Унија. Се надевам дека ќе продолжиме со вакви средби, но и со нови, со реализација на новите проекти помеѓу двете држави, посебно на културни активности, кои веќе и ги имаме со поврзување на градовите на двете држави,  рече Бранко Маретиќ.В0 име на Амбасадата на Хрватска во Македонија зборуваше Стјепан Домјанчиќ, воено аташе, кој рече:-Посебно ми е задоволство што ја има ретката прилика да ве поздравам од име на хрватската амбасада во Скопје и Република Хрватска сите кои сте тука, на традиционалното одбележување на Денот на државноста на Република Хрватска, посебно претседателот на хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“ – Бранко Маретиќ, кој повеќе од 30 години работи на продлабочување на односите на двете држави. На овој ден немаше некоја пресудна битка, туку еднставно заседаваше демократски избран “Хрватски сабор“. Поминав четири години кај вас, а ова е последниот настан на кој учествувам како преставник на Хрватска, а ме радува што тое се случува во Битола. На овие настани Маретиќ секогаш кани хрватски културни друштва, а јас мислам дека со промоција на култура најдобро се промовира секоја земја. -Денот на државноста на Хрватска е еден од најзначајните за хрватската понова историја. Во текот на изминатите години Хрватскиот културен центар од Битола, воспостави соработка со сите релевантни институции од Македонија и Хрватска, беше иницијатор на неколку збратимувања со општини и КУД-ови, ги одбележа сите позначајни празници и датуми на Хрватска, организираше гостувања на актери, музичари, друштва, групи, делегации од Македонија во Хрватска и обратно, се со цел збогатување на културниот мозаик на Битола, како и поголема соработка на двете пријателски земји, рече Неда Маретиќ од културен центар “Марко Марулиќ“.Препознатливиот далматински мелос, во Битола го пренесе далматинската женска клапа “Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор “Градац“ од Општина Градац, Хрватска. Публиката имаше можност да ја проследи и изложбата на фотографии „Хоризонти“ од авторката др. сц. Блага Петрески од Сплит. 

Далматинската женска клапа “Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор “Градац“ од Општина Градац за битолчани ја исполнија песната “Брала мома капини“ која специјално за подготвија ја овој настан во Битола.Во програмата за одбележување на овој значаен празник за хрватската историја настапија и ученици од Државното средно училиште во Битола.  

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »