Press "Enter" to skip to content

Фото вест: гостите пристигнаа, екипата Јове Начко одлични домаќини на 11. меморијален турнир на ветерани “Јове Димовски Начко“

Денес во Битола пристигна екипата на ветераните на ФК Враниќ, Србија која ќе биде учесник на 11. по ред меморијален турнир на ветерани “Јове Димовски Начко“.

Покрај екипатата од Србија на турнирот ќе настапат покрај екипата на домаќинот,  Јове Начко, и ветераните на ФК Пелистер од Битола и ветеранскиот тим на Конзули – Битола.Натпреварите ќе се одржат на ќумурното игралиште во Битола во сабота, 21 јуни година со почеток во 17 часот.За утре за гостите од Србија е организирана посета на црквата “Свети Петар“ (Др. Рајс) на Кајмакчалан, каде покрај црквата ќе ја посетат и спомен костурницата која се наоѓа од грчка страна на планината.

Гостите од Србија кои денес на пладне пристигнаа во Битола, во клубските простории на Јове Начко, беа пријатно изненадени од топлиот пречек кој го организираа битолчани и нагласија дека само на ваков начин ќе продолжи нивното пријателство.

More from СпортMore posts in Спорт »