Press "Enter" to skip to content

Циле им посака успешна европска пролет на ракометарите на заедничкото следење на жребката (фото)

Ракометарите на Еурофарм Работник во ресторанот “Белведере“ заедно со стручниот штаб го следеа извлекувањето за групната фаза која ќе се игра на пролет. На ракометарите и тренерите им се приклучи и Силјан Мицевски, кој по дознавањето на противниците им се обрати на ракометарите и стручниот штаб.-Ви посакувам успешни натпревари во групната фаза од натпреварувањата и победи. Добро е да се игра против екипи кои се рамни на квалитетот на нашата екипа, но и со подобри екипи, а само така ќе го докажеме квалитетот на нашиот тим, им порача Циле на ракометарите.

Првата средба ракометарите ќе ја имаат во Германија во февруари во Хановер.