Press "Enter" to skip to content

Реми на женското фудбалско пелагониско дерби (фото)

Топ гол – Прилеп 2:2 (0:2)

Во последното 13. есенско коло од првата фудбалска лига за жени екипата на Топ гол одигра нерешено против екипата на Прилеп. Пелагониското дерби кое се одигра на фудбалското игралиште “Шавел Шатев“ во Битола пред околу 50 гледачи заврши со конечен резултат од 2:2.

Головите за битолчанки ги постигна Т. Јанковска во 7. и И. Ристевска во 16. минута, а за екипата на Прилеп Милеска во 52. и Евтимџиоска во 66. минута.-Доста динамичен, борбен и фер натпревар од страна на двете екипи. Иако натпреварот го отворивме добро со рано водство, на крајот не успеавме да ја зачуваме предноста и да оствариме победа. Можам да кажам дека на секоја екипа им припадна по едно полувреме во однос на квалитетот на играта. Ова беше долга полусезона со голем број на натпревари и некако заморот не стигнува во второто полувреме, изјави Кире Грбевски, тнерот на Топ гол.

За Топ гол настапија: Салиевска, Талевска, Миленковска, Гоцевска, Нешковска, Петровска, Размовска, Ристевска, Митаноска, Гелевска и Јанковска уште играа и Николовка, Пецаковска.

До крајот на фудбалската година екипата на Топ гол ја очекува уште еден натпревар и тоа оваа среда во 1/8 финалето од купот на Македонија.