Македонските параолимпијци стрелци настапија на Европското првенство со воздрушно оружје што се одржа од 3 до 7 декемри во Белград, Србија, на кое учествуваа 122 спортисти од 27 држави.
Од македонските стрелци најдобар успех постигна Оливера Наковска Бикова освојувајќи го седмото место во финалето. Претходно, во квалификациите стрелаше 559 кругови и како третопласирана влезе во финалето. Во финалните борби работите не тргнаа како што посакувавме, и мораше да се задоволиме со седмото место. Сепак, влез во финале на голем спортски настан е достоен за почит, истакнуваат Македонскиот параолимписки комитет.
Македонската репрезентација беше во состав: Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов и Александар Јовановски (стрелци) и Бранимир Јовановски-тренер. Александар Јовановски постигна свој личен рекорд од 550 кругови и го зазеде 13-то место во конкуренција на 26 натпреварувачи, додека Ванчо Каранфилов со 546 кругови го зазеде 17-то место.
Следен натпревар на нашите параолимпијци треба да биде Светскиот куп во Ал Аин, ОАЕ во февруари 2019 година, а настапот е неизвесен поради немање на доволно средства.

Оливера Наковска – Бикова седма на европското во стрелаштво во Белград
More from СпортMore posts in Спорт »
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола
- КК Пелистер започна со продажба на сезонски влезници
- Куманово победник на 1. турнир во Битола “Зоран Петковски – Петкото“, Пелистер четврто пласиран (фотогалерија)





