Ракометарот на Еурофарм Работник, битолчанецот Фарух Мемиќ, успешно го оперира менискусот не коленото во градската болница “Св. Наум Охридски“ во Скопје, а го оперираше проф. д-р Настов.
Според зборовите на Фарух Мемиќ операцијата поминала добро, тој добро се чувствува и за брзо ќе започне со процесот на рехабилирација.
Мемиќ ќе ги пропушти двата натпревари во есенскиот дел од Супер ракометната лига и во екипата очекува да се врати на 7 јануари, кога тие ќе ги започнат подготовките за пролетноот дел каде ги очекуваат европските натпревари и плеј-офот во домашното првенство.






