Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј поразени во Скопје

Работнички Жени – Пелистер Волеј 3:0 (25:10; 25:07; 25:13)

Во рамките на 9. коло Прва државна лига во одбојка одбојкарките на Пелистер се поразени од екипата на домаќинот Работнички жени, со 3:0 по сетови.

За овој пораз од Пелистер Волеј велат дека едноставно вчерашниот ден беше ден кој треба барем на момент да се заборави, а анализите остануваат за подоцна.

Сега Пелистер Волеј целата енергија ќе ја насочат кон саботниот дуел во Битола кога во рамките на 10. коло играме против екипата на Универзитет Тетово. Овој дуел е од исклучителна важност затоа што од исходот ќе зависи која од двете екипи ќе избори пласман во плеј-оф на Македонија.