Press "Enter" to skip to content

Бојана Скендеровска – македонската музика допира длабоко во нас и треба да не спојува

Најубавите звуци кои допираат до нашата душа, кои ни измамуваат солзи, морници низ телото,се звуците на нашата македонска музика. Позната по нестандардните, асиметрични ритмови, како што се: 7/8, 9/8, … тактови кои и даваат посебен, непредвидлив и возбудлив карактер.

-Македонската традиционална музика претставува богат и разновиден дел од културното наследство на Македонија, која треба да ја негуваме. Денес таа е онаа која треба да не спои без оглед на возраст, пол, политичко убедување, ни кажа Бојана Скендеровска за караванот “Македонијо во срце те носиме“, на кој ќе се отпеат најубавите македонски патриотски песни, утре во Битола.

-Македонските патриотски песни кои ја изразуваат љубовта кон татковина. Песни исполнети со емоции, гордост и чест. Наша идеја и цел да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас, кажаа организаторите од “Скендеровски продукција“.Проектот караванот “Македонијо во срце те носиме“, со потписот на “Скендеровски продукција“, започна во 2023 година со 12 учесници, 12 иведувачи изведоа македонски патриотски песни од нашата ризница на македеонската песна. Караванот успешно се прeтстави во Битола на платото пред Офицерски дом Битола минатата година. Караванот продолжува и оваа година Низ разговор со Бојана Скендеровска ја запрашавме за идејата на
караванот “Македонијо во срце те носиме“.

Кажете ни нешто повеќе за идејата.

-Проектот “Македонијо во срце те носиме” започна во 2023 година со 12
учесници… Идејата на овој проект е возобновување на македонските родољубни песни,но и создавање на нови авторски песни со таа тематика… Инспирирани од долгата историја на создавање на македонски родољубни и патриотски песни низ годините, сакавме да ги возобновиме и доближиме до помладите генерации, но и повозрасните да ги потсетиме на тие прекрасни композиции, и секако да го продлжиме векот на песните. Бевме свесни дека нашата публика одсекогаш ги сакала овие песни, а и мотивирани од константното негирање на македонскиот идентитет од порано па до ден денешен беше нашата инспирација да го создадеме овој проект.

Оваа година изведувачи се …

-Оваа година учествуваат 12 изведувачи,и имаме 14 нови изведби од кои две се заеднички изведби на сите учесници “Роде мој” новокомпонирана песна музика и арр: Николче Мицевски, текст: Борче Нечовски и “Нема друга Македонија” преработка, своевремено изведена од легендарниот Војо Стојановски, музика и арр: Милан Завков текст: Томислав Которчевиќ.Песните кои ќе се изведуваат…

-Меѓу новите преработки и изведби оваа година на проектот се: ”Ако умрам ил’ загинам”,  “Запејте сите ангели”, “Како што е таа чаша”, ”Ја излези стара мајко”, ”Не кажувај либе добра ноќ”, ”Каде сте Македончиња”, “По друм одам мајче”, ”Горда Македонка”, ”Како пиреј” и др.

Македонската музика денес, ваше видување…

-Убедена сум дека македонската публика сака македонска музика и доказ за тоа се преполните плоштади низ Македонија на нашите концерти, но македонската музика треба да биде многу повеќе застапена на сите медиуми, и подостапна за публиката. Македонија има долга традиција во создавањето на автентична народна и забавна музика, одсекогаш сме биле плодна почва за пејачи и композитори, и затоа треба тоа да го негуваме,чуваме и поттикнуваме тоа. Македонската  музика во облик на етно, фолклор е идентитетот на
македонскиот народ, тоа не смее да го заборавиме, и тоа не обединува сите, песните треба да ги обединуваат сите и тука не смеат да се прават поделби.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »