Први места на финалниот куп “испукаа“ Оливера Наковска Бикова од Битола – 566 круга, Новча Тодоровски од Куманово – 169 круга и Елизабета Тодоровска од Куманово – 155 круга.
Во организација на ССРИ Битола на стрелиштето во Битола, кое се наоѓа во зградата на Центарот за социјални грижи, се одржа 3. куп на Македонија во стрелаштво за спортисти со инвалидност за 2018 година.
На последниот, финален 3. турнир во стрелаштво натпреварувачите се натпреваруваа во 3 категории во категориите: воздушен пиштол (микс) меѓународна програма 60 истрели, сериска воздушна пушка – мажи 20 истрели и сериска пушка жени, 20 истрели.
Според судиите кои беа задолжени за регуларност на овој куп натпревар, Бранимир Јовановски и Ванчо Каранфилов и комесар на купот Драган Дојчиноски, натпреварите поминале фер и се одржале во коректна атмосфера, како што е секогаш на ваквите натпревари.
Резултати: ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ – МИКС (мажи и жени)
1. Оливера Наковска Бикова, Битола 94,91,94,94,96,97 =566
2. Александар Јовановски, Скопје 88,88,95,94,95,96 =556
3. Ванчо Каранфилов, Скопје 93,94,92,92,91,91 =553
4. Даниел Михајловиќ, Скопје 90,87,97,87,92,89 =542
5. Светлан Седнаков, Скопје 92,93,87,89,88,87 =536
6. Горан Митревски, Скопје 79,85,86,83,82,87 =502
7. Митко Фидановски, Битола 83,80,83,80,79,86 =491
8. Михајло Михајлов, Кавадарци 72,78,73,76,71,76 =446
Резултати: ВОЗДУШНА ПУШКА – МАЖИ
1. Новча Тодоровски, Куманово 83.86=169
2. Стеван Ангелковски, Прилеп 82.80=162
3. Васко Стефановски, Битола 84.78=162
4. Небојша Пејовски, Струга 85.76=161
5. Светлан Седмаков, Скопје 82,76=158
6. Бранимир Јовановски,Куманово 76,80=156
7. Зоран Јовановски, Струмица 74,81=155
8. Менде Дивјаковски, Битола 57,65=122
9. Даниел Михајловиќ. Скопје 55,40= 95
10. Горан Митровски, Скопје 45,46= 91
Резултати: ВОЗДУШНА ПУШКА – ЖЕНИ
1. Елизабета Тодоровска, Куманово 78,77=155
2. Олга Ристовска, Скопје 18,58= 76
3. Наташа Црвенковска, Битола 36,31= 67.






