-Вечер во 19 часот на Народниот театар во Битола ќе се одржи свечена академија и проекција на документарниот филм “Ѓуро Илиќ… да се биде подобар од вчера…“.
Неговото име се поврзува со зачетоците на боречките вештини во Битола и пошироко. А денес, тој е човек со Орден за заслуги за извонреден придонес за промоција на будо и јапонската самурајска култура ширум светот, кој му го додели јапонската будо-федерација.
Во интервјуто во 2019 година го нареков “Гури“ во боречки вештини, бидејќи многу ученици поминале низ неговите школи кои ја продолжуваат неговата мисија. Тогаш кажа „Продолжуваме понатаму во нови искуства“. Тоа што го кажа и го исполни, од тогаш поминаа неколку години и оваа 2025 година одбележува 50 години тренерска кариера, што беше повод за нашиот разговор.
Како ќе го одбележите јубилејот 50 години тренерска кариера?
-Можам да кажам дека јубилејот ќе се прослави работно со тренизи и борби, т.н семинари на кои се презентираат нови техники. Во Битола веќе пристигнаа моите почесни гости мајстори на будо вештиниите. Меѓу гостите се Хидехару – претседател на Интернационална Будо Федерација), Асами – мајстор на вештини, двaта од Јапонија, Мејфилд од САД (потпретседател) како и гости и ученици од Лозница, Србија со нивниот мајстор Буразеровиќ. Членови од јапонската и српската будо федерација,беа пречекани во кабинетот на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, а посебно и Орден за заслуги за извонреден придонес за промоција на будо и јапонската самурајска култура ширум светот, кој му го додели јапонската будо федерација. Потоа отидоме на посета во Музеј Битола, Хераклеа, Офицерски и им ги покажавме нашите знаменитости во градот.Најавивте Свечена академија по повод јубилејот… Кажете ни повеќе
-Се разбира дека јубилејот ќе се прослави со Свечена академија по повод јубилејот. На истата има проекција на документарниот филм “Ѓуро Илиќ… да се биде подобар од вчера…“. На поканети се голем број гости, личности од општествено политичкиот и спортски живот во Битола. Ќе ни направи чест и ќе присуствува градоначалникот на Општина Битола. На академијата ќе присуствуваат и ќе се обратат моите почесни гости мајстори на будо вештиниите и тоа од Будо Федерација, гости од Јапонија, САД и Србија. Ќе се споделат благодарници и признанија на голем број личности со кои сум соработувал низ мојата долгогодишна кариера.Кажете ни околу снимањето на вашиот документарен филм „Ѓуро Илиќ…да а се биде подобар од вчера…“
-На филмот работеше цела екипа повеќе од 6 месеци. Во истиот ќе биде прикажана мојата кариера од почетоците со фотографии, видеа и други пишани материјали. Во филмот зборувам за мојата тренерска кариера во боречките спортови за професиониот и приватниот живот. Повеќе од 20 личности со кои сум соработува низ 50 години тренерска работа, ќе зборуваат низ него.Половина век, 50 години тренерска кариера од 1975 година во џудо клуб Пелистер. Кажете ни повеќе…
-Џудо клуб Пелистер е оформен на 9 ноември далечната 1069, но функционираше како џудо и карате секција во ДТВ Партизан од 1967-69 година. Од неговиот почеток јас сум активен член, а од 1975 година тренер во овој клуб. Во истиот продефилирале повеќе од 3.500 членови и успешни натпреварувачи кои тренирале во различни возрасни групи од 7 до 77 години. Јас отворено кажувам дека овој клуб бил “расадник“ на таленти од кој произлегле врвни натпреварувачи во оваа боречка дисциплина. Клубот има најдобра школа и посебен аспект е ставен на базичната техниката. Тука поминале неколку генерации и сега веќе тренираат деца, внуци на оние кои започнале да тренираат во џудо клубот Пелистер. Сега и долната граница се поместува и имаме мали ученици од 4 години, а моја насока и цел е да се помести и горната граница за тренирање на боречки вештини и погоре од 77 години. Неговото мото „Да се биде подобар од вчера…“ го докажува со својата упорност и енергија. Мотивација да не се откажуваме, но и да бидеме подобри од вчера, односно да се натпреваруваме и самите со себе. Ме воодушевува со тоа дека ја поместува границата за тренирање и постигнување успеси. Зад него има следбеници кои и ќе ја продолжат неговата мисија во преминување на секакви граници било да се тоа по возраст, пол, националност, раса… И најважно да бидат подобри од претходно (вчера).
Жанета Ристевска