Press "Enter" to skip to content

Златен медал за Леа Бошевска на “Balkan best fajters“ во Ниш, Србија (фото)

На еден од најсилните турнири на овие простори “Balkan best fajters“  кој се одржа во Ниш, Србија битолчанката Леа Бошевска од кик-бокс клубот Самурај го освои златниот медал во кик-бокс. На турнирот учествуваа над илјада борци од 15 земји што оправдано му го дава на овој тирнур епитетот еден од најсилните.Со овој нов златен медал во нејзината конкуренција таа докажа дека е борец за респект и дека неуспехот од Италија, каде не успеа да се бори за медал, го има преболено и тргнува во нови победи и дека е во врвот на македонскиот кик-бокс.-Тешко ми беше по Италија кога поради грешка на раководството не бев во рингот да се борам за медал, но сега се е минато и продолжувам понатаму. Имав добри борби во кои докажав дека сум добро подготвена, но и дека треба да продолжам со тренинзи и надоградба. Времето кое е пред новите настапи ќе го искористам за поправање на некои работи во борбите, а ми престојат голем број на борби во дресот на мојот матичен клуб Самурај и во дресот на  Македонската репрезентација, ни рече Леа Бошевска по враќањето во Битола.

Нејзините тренери и родители Гордана Цветковска-Бошевска и Тони Бошевски пренесувајќи ни ги деталите од настапите на Леа на турнирот велат дека таа продолжува и понатаму да работи со уште посилно темпо бидејчи во 2019 година ќе има поголем број на борби на повеќе фронтови.Инаку, да споменеме дека Гордана Цветковска-Бошевска на овој турнир во Ниш како меѓународен турнир ја делеше правдата на борилиштата.

More from СпортMore posts in Спорт »