Press "Enter" to skip to content

ФТ Митко Василев, ординација “Кинет мед“ – fizio4you: тригер прст или стенозирачки тендовагинотис

ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност.  Овој пат  ФТ Митко Василев ќе ве информира за тригер прстот или стенозирачки тендовагинотис, модерна болест на нашето време, за што вели:

Тригер прстот или стенозирачки тендовагинотис е состојба која влијае на една или повеќе тетиви на раката, што го отежнува свиткувањето или исправување на зафатениот прст или повеќе прсти.

Тетивите се последниот дел од нашите мускули и ги обезбедуваат движењата на прстите. Тетивите од долната страна на раката т.е. дланката се нарекуваат флексори односно ѓи  свитуваат прстите.

Ако тетивата или тунелот низ кој поминува тетивата (наречен тетивна обвивка)поради воспалителен провес  отече и намали нејзината подвижност, тетивата се иритира и може да се „заглави“ во тетивната обвивка. Ова може да го отежни движењето на засегнатиот прст или палец и може да резултира со чувство на кликање.

Може да го зафати палецот и кој било друг прст. Може да бидат зафатени еден или повеќе прсти, а проблемот може да се развие на двете раце.

Појавата на  крепитација или кликање при дрижење на прстот е во случај кога тетивата повеќе не може лесно да се лизга низ обвивката, таа може да се згрчи и да формира мала грутка (нодул). Ова го отежнува свиткувањето на зафатениот прст или палец. 

Болеста на тригер прстите може да се појави на која било возраст и кај двата пола, особено кај постари лица со тригер состојби како што е дијабетес, лица со намалена функција на тироидната жлезда и лица кои страдаат од ревматоиден артритис. На порана возраст, може да се појави во ситуации како што се прекумерна употреба на компјутери и мобилни телефони, поради преоптоварување на прстите со повторувача флексија-свиткување со изразено долго траење. Носење на тежина во раката со затворена дланка исто може да ја  предизвика оваа состојба.

Симптоми се следни: вкочанетост во прстите, особено наутро, чувство на кликање и пукање при движење на прстите, болка при движење и свиткување на прстот, заклучување на прстот за да не може да се движи и оток и грутка во засегнатиот прст.

Дијагностика се прави со физички преглед , битна е медицинската  историјата, крвна анализа да се исклучи реуматска природа на болеста. И во дадени  состојби за подобра диференцијална дијагностика може да биде потребна и Магнетна Резонанца.

Третманот на болеста на тригер прстот може во основа да се подели на два вида: нехируршки третман и хируршки третман. 

Проблемите со покренувачкиот прст ретко се решаваат сами од себе без специфичен третман. Доколку покренувачкиот прст не се лекува, може да се појави вкочанетост на зглобовите и адхезии на флексорните тетиви. Овие ситуации дополнително го комплицираат и ги намалуваат шансите за успешен третман.                               

Нехируршките третмани се состои од одмор  и избегнување на движења што би ја влошиле состојбата, имобилизација со шина за прсти, криотерапија при првична  појавата на воспалување, ласет, ултра звук, текар, вежби базирани на истегнување исто имаат одличен ефект во решавање на болеста.

Доколу не се постигнат подобрување со конзервативниот треман се преминува на ореативно лекување.

More from СоветиMore posts in Совети »