Бизнис академија Смилевски БАС го одржа првиот академски час за вториот циклус на студии кој се реализираше на двете локации – Скопје и Битола. Пред студентите беа презентирани студиските програми кои се модерни и усогласени со глобалните трендови во стратегискиот менаџмент.
На овој свечен чин поздравно обраќање имаше еден од основачите, проф. д-р Цветко Смилевски кој оддаде почит на одлуката на студентите да го продолжат образованието посакувајќи им резултати и остварувања како на лично така и на професионално поле.
Пред присутните се обрати и директорката на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска, која исто така ја нагласи улогата на доживотно учење како еден од главните фактори за прифаќање на промените, потенцирајќи дека живееме во турбулентно окружување кое бара проактивно однесување.
Заменик директорот на БАС, проф. д-р Тони Соклевски срдечно се заблагодари на сите студенти пред се, за довербата која ја дале на БАС и изборот кој го направиле. Им посака исполнување на идните цели нагласувајќи ја поддршката која БАС безрезервно ја дава на секој студент.
На првиот академски час пред присутните се обрати целиот академски и административен кадар кој ги запозна студентите со текот на студиите, нивните права и обврски, како и можноста за профилирање која ја нудат овие студиски програми преку листата на изборни предмети.
БАС останува верен на својата мисија во градење на професионални менаџери на иднината!

Прв академски час за вториот циклус на студии на Бизнис академија Смилевски БАС
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 21 степен
- ФК Конзули Ветерани од Битола со меѓународен турнир и доделување признанија одбележа 10 години постоење (фотогалерија)
- Пелистер од Битола со одлична игра до триумф во Гевгелија
- Вредна победа на Пелистер во Битола и три важни бода во борбата за опстанок (фотогалерија)
- ДПД “Архангел“ од Битола на меѓународен против пожарен настан во Хрватска (фото)





