Press "Enter" to skip to content

Избрани проректори, се комплетира тимот на раководството на УКЛО Битола

Денес Ректорската управа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на предлог на ректорот проф. д-р Игор Неделковски, со тајно гласање донесе Одлука за избор на четири проректори.

Новоизбрани проректори на УКЛО се:

-проф. д-р Цветко Андреески – проректор за настава
проф. д-р Светлана Николоска – проректор за студентски работи
проф. д-р Јове Димитрија Талевски – проректор за финансии и развој  и
проф. д-р Горан Илиќ – проректор за наука.На истата седница донесена е Одлука за именување на проф. д-р Јасмина Буневска–Талевска за директор на КРЕДО центарот и институционален Еразмус координатор на УКЛО.

Проширувањето на ректорскиот тим е во насока на непречено реализирање на бројните и засилени активности на Универзитетот во наредните години, како и исполнување на Програмата од вториот мандат на ректорот Неделковски   и овозможување поефикасна реализација на планираните проекти и универзитетски иницијативи.

Тимот предводен од ректорот проф. д-р Игор Неделковски ќе се докомплетира со претстојниот избор на претседател на Универзитетскиот сенат на 28 ноември 2025 г.