Вечева во Битола во галеријата “Ранко Струмениковски“ по повод роденденот на Ранко Струмениковски и роденденот на Галеријата, пред голем број на љубители на иметноста од Битола и од регионот, свечено беше отворена изложбата “Битолски ликовни генези ВДИСТ“, изложба која присутните ги остави без зборови, повеќеслојна и инспиративна изложба, со дела што го одземаат здивот…
Изложбата “Битолски ликовни генези ВДИСТ“ е поставена по повод 70 години од формирање на ВДИСТ, на 2 септември 1955 година и е една од најзначајните ликовни групи во Македонија и Југославија, и претставува чествување на петмината врвни сликари на ВДИСТ (1955-2025), а ќе бидат изложени делата на битолските и македонски сликари. Пецо Видимче, Јован Димовски, Методија Ивановски, Перо Спировски и Борислав Траиковски.
По повеќе месечни подготовки на оваа ретка изложба за орв пат беа видени дел од делата на сликарите на ВДИСТ, а за групата ликовни уметници која беше пред времето зборуваше Тања Струмениковска – Ристевска, кој со многу емиции рече:
-Добре додовте во 1955 година! Во Битола, Македониа, Југославија, Европа. Време на либерализациа во сите сфери на животот и во сите уметности, слобода на експресизата на внатрешните пориви на уметниците. Битола и Македониа ги добиваат ВДИСТ,/Видимче, Димовски, Ивановски, Спироски, Траиковски/ битолски уметници школувани во Белград и Скопе. Сликари кои се вмрежија, се поддржаа, се обединија и покрај индивидуалните специфични концепции сензибилитети, тенденции и естетики. Петмината од ВДИСТ уште од старт се наметнаа како корифеи на ликовниот живот и ликовната традиција во Македонија. Тие како успешни следбеници на современото творештво ja донесоа Европа дома, а пак нивните дела како трајни вредности, Европа ги акцептира преку своите заеднички изложби во Загреб, Белград, Скопе, Ферара, Лондон, Братфорд, Словен Градец, Париз и додаде.
-При поставуваьето на оваа повекеслона изложба, грандиозна по обем и значење, бев инспирирана од женските портрети и фигури ка петмината автори. Жената е преставена како најзрафинирана форма во природата, елегантна и со достоинствен изглед, како да е креација на Уберт Де Живанши. Жените се претставени во различни животни доба како и ка Жак Превер, од пупка до свенат цвет, чекајќи го победникот. Тие се како убавите жени на Блаже Конески, жената лавица на Тодоровски Гане. Тие “дишат“ со нас и раскажуваат за богатото минато на градот на клавирите и конзулите, патоните и серенадите, боемите и уметниците… Добро се надовме во 2025 година, на 70-годишнината на ВДИСТ!
Галеристот д-р Драган Ристевски во своето уводно излагање пред да ја отвори изложбата рече:
–Групата ВДИСТ коа што се подави во педесеттите години на минатиот век, немаше само за цел да го афирмира современото ликовно творештво. Покрај обемниот опус, манифестот, исклучителната и често невообичаена вон-институционална излагачка активност, како и афирмацијата во бројни центри надвор од Битола, таа е една од клучните заедници коа ja одржа и истовремено, сериозно и важно jа зачува културата не само на средината во коа што беше формирана, туку воопшто се вгради во фундаментот на константата на македонската култура. Секоа паралела со европските влизаниза, компаративистика и дефинирање на мотивските и стилските изрази во делата на секој автор од ВДИСТ, постојано преповторувани во и така не толку обемната литература за неа, се во голема мера обопштуваье и своевидно девалвирање на нејзината значајна мисија.
-Нивната природност, искреност, енергичност, спонтаност, визионерство, се присутни и уште поактуелни денес, како знак и патоказ дека минатото не е време што поминало, сегашноста не е она што е сега и најважно, ниту иднината е време што допрва доаѓа. ВДИСТ одамна ги премости овие временски конвенционалности, ja премина другата страна од каде што уште поинтензивно не озрачува со живототворната творечка енергија. Зад незината „мотивска стварност” секогаш се наталожени длабоки слоеви на ликовно, емотивно, духовно изразување.
Гоце Божурски, ликовен уметник за групата ВДИСТ рече:
-За да го сфатиме времето во кое се појавува групата ВДИСТ, ви го доловам впечатокот во какви услови се родиле и живееле Видимче, Димовски, Ивановски, Спировски и Траиковски и да си замислите какво им било детството и младоста, во експресно забрзани процеси на образование на населението, аграрни реформи и подобрување на состојбата на селското население, индустријализација – изградба на фабрички гигантски капацитети од највисок европски ранг, изградба на брани, хидроцентрали, патишта …(а сето тоа е направено за десеттина петнаесет години). Оснивани се национални институции, факултети, музеи, уметнички галерии, театри и сл. А сега, као самостојна држава повеќе од триесеттина година, ако работите се одвиваа со такво темпо, веројатно би се занимавале со квантна физика, би ја освојувале вселената, би биле во деловно партнерство со Илон Маск, ама еве сме кај сме. Паралелно со создавањето услови за самите професионални творци, општеството настојуваше не само уметноста да се доближи до работничката класа туку и самите работници аматерски да се занимаваат со творештво (во секоја поголема фабрика и претпријатие постоеја клубови и секции за негување на фолклорот, ликовната и театарската дејност… постоеја и спортски работнички фудбалски, ракометни клубови, градинки, здравствени и стоматолошки ординации непосредно до производствените хали и сл.). Е, во такви поволни, мошне квалитетни прилики се појавија и се формираа членовите на ВДИСТ и додаде:
-ВДИСТ имаше визионерска мисија во осознавањето и преобликувањето, а нивната улога за нашата средина има и едукативен карактер во менување на гледиштата кон уметноста. Тие си поставија задача преку современ ликовен израз, актуелен во југословенскиот и европскиот креативен контекст да создаваат уметност која ќе има и „автохтони“ белези и истовремено да го држи чекорот со најновите текови. Респектирајќи ги доминантните тенденции блиски на академскиот реализам врз кои го оформуваа своето формално ликовно образование, членовите беа отворени и ги преферираа рефлексиите на експресионизмот, апстрактните тенденции, енформелот и сличните појави и градеа сопствени стилски ориентации.
За крај се обрати Владо Ѓоревски, ликовен критичар кој за ВДИСТ нагласи:
-Таа е повторно помеѓу нас за да ни jа врати вербата. Таа, за разлика од најголемиот број на ликовни групи, кои траеа повеќе или помалку, никогаш не се распадна или расформира. Со физичкото заминување на незините членови, таа се трансформира во поинакво траење, за да ни покаже дека и покрај се, во нас постои уште мало снопче светлина на Животот и покрај желбите на сите па и на самите нас, да потонеме во пополниот мрак кој се повеќе не хипнотизира со сите мрачни сили. Секоја хиерархиска, аналитичка или стерилна критичка вивисекција за позициата на секој нејзин член и секое компаративистичко сувопарно разгледување од аспект на поголем или позначаен автор е пополно апсурдно и непотребно. Без оглед на нивната “формална“ изразност тие претставуваат совршена целина од која расцветува генезата за светлината на сите творечки генерации – минати и идни…
За соработката со семејствата на членовите на ВДИСТ за дозвола за поставување на делата на изложбата, и на поединци и институции кои помогнаа во подготовката на оваа најзначајна ликовна изложба во Битола во оваа година, им беа доделени благодарници.
Изложбата ќе биде дел и од наставата на средношколците од Битола, кои со своите професори ќе имаа часови по ликовно воспитување и одблиску ќе се запознаат со делата на членовите на групата ВДИСТ.
Жанета Ристевска
Фото: Сашо Ристевски











