По повод новогодишните празници и завршувањето на фудбалската 2018 година сите членови на фудбалскиот клуб Топ гол беа дел од предновогодишниот коктел.
Раководството, фудбалерите, фудбалерките, родителите, бабите и дедовците беа вклучени во самата организацијата на овој новогодишен настан кој се одржа во салата на црквата “Св. Троица“.
Најемотивно беше кога фудбалерките на сениорската екипа на својата другарка Ивана им посакаа среќни денови во Англија каде се преселува, а во таа чест и подарија дрес од Топ гол, потпишан од сите нив, а таа им подари фотографии на кои имаше специјални пораки за сите нив. Ова беше доказ дека Топ гол не е само спортска екипа, туку е колектив каде се почитуваа и негуваат сите вредности, а тука владее другарството.
Дел од членовите на Топ гол ги прочитаа своите песни кои ги имаа напишано токму за оваа прилика, во кои беа спомнати сите, а пишувачите добија силни аплаузи.
Покрај забавниот дел од програмата исполнет со песни, игри и комични скечови, организаторот во официјалниот дел издвои време да им додели благодарници со малку весела и духовита содржина кон сите свои соработници и бизнис партнери.
Благодарница за соработка и развој на фудбалската игра Топ гол им додели на фудбалските клубови Пелистер, Форца, Талент, ЛГ Спорт и Еден на еден.
Покрај фудбалските екипи Топ гол им додели благодарница на своите деловни соработници “Миг Травел“ за најбрз автопревозник и ресторан “Бар Корзо“ за најгостопримлив ресторан. д-р Владо Блажик за comeback во спортот, Даниел Стојановски тренер за најголем број пријателски натпревари.
Младиот фудбалер Хритијан Мицевски беше награден за најредовен член во Топ гол, Михаил Петковски за мистер Топ гол , а Александар Ангелевски за најголема љубов во клубот. ФК Топ гол ова година организира голем број на обуки за фудбалери и родители и во таа насока Дени Лековски доби благодарница за нај едукатор, а за најголем промотор на Топ гол благодарница доби спортскиот новинар Сашо Ристевски.
Со малку комична и ведра содржина Јасмина Велјановкса доби благодарница за сопруга со најголемо разбирање, тренерот Симе Бендевски доби признание за најнизок фудбалски тренер, а Кире Грбевски тренер со најдобри стомачни мускули.
За одличнта атмосфера се погрижи ди-џеј Благојче со својот избор на Македонски и странски песни.
-Сите наши членови и симпатизери беа влучени во организацијата и реализицијата на оваа забава, најмладите членови најповеќе се радуваа на Дедо мраз и Баба мразица кои уште повеќе ја збогатија новогодишната програма. На сите им посакавме здравје и среќа и успешна 2019, изјави Кире Грбевски.

Предновогодишен коктел на Топ гол (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив
- По триумфот над лидерот, на ред е шампионот, Стајиќ: да продолжиме со добри игри и против МЗТ
- Пелистер ја победи Брера и освои три бода важни за опстанок
- 400 учесници на Велигденскиот турнир на КК Младост во Битола (фотогалерија)





