Клубски Патриот – Пелистер 51:82 (16:18, 14:27, 6:26, 15:11)
Во последниот натпревар за оваа календарска година женскиот кошаркарски клуб Пелистер ја запиша и шестата победа во домашното првенство, победувајќи ја на гостувањето екипата на Клубски патриот од Делчево.
Норче Мемедова постигна половина од вкупниот број на кошеви, односно 40 поени, а Теорода Кузмановска постигна 26 поени.
За Пелистер настапија: Ана Стојановска, Теодора Марковска 2, Стефанија Костадиновска 7, Михаела Ставревски, Ивана Велковиќ, Теодора Кузмановска 26, Георгина Димитровска, Теодора Ристевска, Норче Мемедова 40, Ана Талевска 6, Христина Ковачевска и Христина Ковачевска 1.
По паузата поради новогодишните и божикните празници следниот натпревар на ЖКК Пелистер е закажан на 26 јануари 2019 година против екипата на Вардар од Скопје.






