Кошаркарите на Пелистер од Битола денес со почеток во 17 часот ги очекува гостување во Кавадарци против Тиквеш, меч во кој избраниците на тренерот Даскаловски се мотивирани да одиграат стопроцентно, да стигнат до победата и да се обидат што поскоро да се вмешаат во борбата за највисок пласман.
Бобан Стајиќ, еден од најискусните и најдобрите поединци во таборот на Пелистер оваа сезона.
-Ова е за нас меч на кој ќе мора да се победи, играме со екипа што има сопствени квалитети и никако не смее да биде потценета. Мораме да излеземе на терен со максимален фокус, да имаме енергија да одиграме 40 минути на високо ниво ако сакаме да стигнеме до победата во Кавадарци. Одбраната не ни беше на посакуваното ниво на претходните средби, неделава работевме на одредени корекции и ако одиграме онака како што знаеме ќе се вратиме со два бода од Кавадарци“, вели









