На 18.12.2025 во 11:10 часот во СВР Битола е пријавено дека во Клиничка болница Битола со тешки телесни повреди е донесен Б.В. (54) од Битола. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при вршење работни задачи во приватна фирма. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола, а известен е и трудов инспектор.
На 18.12.2025 во 14:00 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода В.У. (37) од Битола. При претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.






