Press "Enter" to skip to content

Ревијалниот кугларски натпревар – мал спектакл на завршувањето на проектот “Кугламе и сме среќни“ (фотогалерија)

-Победник со 101 соборено дрвце беше тимот каде беше и градоначалничката Петровска, а во другите тимови како гости беа Димитар Андоновски, Марјан Георгиевски, бизнисмени, спортски новинари.

-Поради големиот интерес на младите куглари проектот е продолжен за еден месец – бесплатно куглање.Кугларницата на кугларскиот клуб Пелистер, синоќа беше претесна да ги собере младите куглари, гости и публика која беше дојдена на завршницата од проектот “Кугламе и сме среќни“, на ревијалниот кугларски натпревар.Завршницата на проектот “Кугламе и сме среќни“ кој траеше 4 месеци, а предновогодишно свечено, кугларкиот клуб Пелистер, ја прослави со ревијален натпревар. На ревилајното претсавување на младите куглари пред битолчани имаше и гости, познати лица, лица кои дадоа поддршка на оваа наша активност, новинари, спонзори и истите денес заедно куглаа со нашите млади куглари во 8 тимови.Пред почетокот на ревијалниот натпревар присутните имаа прилика да го гледаат краткото видео кое беше сублимат на активностите на проектот “Кугламе и сме среќни“.Гости и предводници на тимовите беа: Димитар Андоновски (пејач), Никола Чобановски (кафуле “Аеро“), Радојка Димитријевска (SN финансии), Горан Упале (gol.mk), Наташа Петровска (градоначлник на Битола), Нико Берберу (“Витаминка“), Марјан Ѓорѓиевски (актер и стендап комичар), Славчо Ристески (РС “Боби“), Весна Божиловиќ (tvb.mk), Сашо Ристевски (bitolanews.mk).Иако ревијално, најдобар резултат постигна тимот каде што беше градоначалничката, а истата со одлично прикажаната игра, што беше и пријатно изненадување за бројната публика, што видно придонесе на својата екипа за победата.По завршувањето на 8-те тимови се сечеше торта, а сите се почастија и со мал коктел, а сите кугларите добија поклон ранче со прикладни поклони во него, донација од нашиот стручен консултант Јован Керечеки од Суботица, Р.Србија. -Ова беше уште еден од низата на незаборавни моменти во битолската куглана и согледувајќи ја оваа енергија, решивме како организатори да го продолжиме уште еден месец овој проект, се со цел нашите одбрани куглари да продолжат да куглаат и да го живеат мотото „Кугламе и сме среќни“, рече Игор Михајловски, координатор на проектот.