Press "Enter" to skip to content

Притвор за 56-годишник од Битола за семејно и сексуално насилство, ја тепал партнерката со столица, влечел кон тераса за да ја фрли, па ја силувал

ОЈО Битола соопшти дека е определен притвор за 56 годишен битолчанец за осомничен за семејно и сексуално насилство и во соопштението се вели:

-Осомничениот, на 18 декември попладне, во заедничкиот дом на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола, физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка. Ја удирал по телото, лицето и главата, па дури зел трпезариска столица и ја удрил и со неа. Потоа ја тргал и ја носел во правец кон терасата, заканувајќи и се дека ќе ја фрли. Од ударите жената се здобила со телесни повреди. И наредил да се соблече за да имаат сексуални односи, но оштетената не се согласила, па насилно ја соблекол и ја принудил на други полови дејствија. Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Притоа особено се ценеше опасноста од бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши дела на семејно насилство кон жената со која живеат во ист дом.

Претходно и во биленот на СВР Битола се споменува настанот.

-На 19.12.2025 полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 56 – годишен битолчанец бидејќи истиот физички ја нападнал и извршил други полови дејствија против нејзина воља врз својата 51- годишна партнерка од Битола. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава, соопшти СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »