Press "Enter" to skip to content

Антонио Петковски нов студентски лидер на УКЛО Битола

На чело на УСС УКЛО застанува Антонио Петковски,  студент во трета година на Tехничкиот факултет во Битола. Претседателот на студентите е избран во постапката во која учествуваа тројца пријавени кандидати. Покрај Петковски за позицијата конкурираа и студентките: Марија Спасеска од Ветеринарниот факултет и Марија Стојановска од Педагошкиот факултет. Изборот е извршен со тајно гласање.

На истата седница, студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го избраа и новиот состав на Универзитетското студентско собрание.

По изборот, Антонио Петковски истакна дека неговата главна цел е обединување на факултетите и поттикнување на поголема меѓусебна соработка, креативност и целосно искористување на студентскиот потенцијал. Тој посочи дека изборот за претседател го доживува како голема одговорност, исполнета со сериозни предизвици.

Претходно, функцијата студентски лидер на УКЛО ја извршуваше студентот од Педагошкиот факултет – Битола, Димитар Атанасовски.

More from ВестиMore posts in Вести »